За сите љубители на риба …
Потребно е:
филети лосос
сол и бибер
маслиново масло
10-12 чери домати
2 чешниња ситно сецкан лук
1 парче околу 2 см ситно сецкан или изрендан ѓумбир
1 лажиче пињоли (семки од бор)
Подготовка:
– Ситно исецкајте ги чери доматите, лукот и ѓумбирот. Ѓумбирот може и да го изрендате. Ставете ги во еден сад и посипете со сол и бибер. Убаво измешајте.
– Ако ви пречи кожата на филетите риба тргнете ја со нож.
– Убаво посолете ги парчињата риба и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Одозгора на секое парче риба ставете од смесата со чери домати. На крај посипете со пињоли и испрскајте со маслиново масло.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути.