Уште една идеја за подготовка на вкусна риба …
Потребно е:
500 гр филе од лосос
1 чешне лук
1 лажиче свежо рендан ѓумбир
3 лажици маслиново масло
1 лажица соја сос
2 лажичиња багремов мед
каенски бибер
сол, мелен црн бибер
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги солта, биберот, изренданиот ѓумбир, каенскиот бибер, стиснатиот лук, сокот од лимон, едот, соја сосот и 2 лажици маслиново масло.
– Парчињата лосос премачкајте ги со подготвената маринада, покријте ги со фолија и ставете ги да стојат 1 час во фрижидер.
– Во тефлонска тава загрејте 1 лажица маслиново масло и на тоа ставете ги парчињата риба. Сочувајте го остатокот од маринадата.
– Лососот пржете го околу 10 минути од двете страни.
– Печените парчиња риба ставете ги на загреана чинија.
– Остатокот од маринадата сипете ја во тавата и варете ја неколку минути.
– Филето лосос прелијте го со неколку лажици од маринадата. Како прилог послужете варена брокула, зачинета со лимон, масло од лен и тостирани семки.