Зад сликите на ѕидовите, на внатрешната корица од Библијата, на врвот од тоалетното казанче – еден патник остава графити со кои на хотелиерите им порачува што мисли за нивната услуга.
Самонаречениот „комичар и хотелски цртач на графити“, Дејвид Басел, седум години мина оставувајќи трага во собите во кои отседнувал. Не е јасно дали неговите дела се сметат за уметност или за чин на вандализам, но 37-годишниот жител на Лондон тврди дека никогаш не добил ниту една жалба од хотелиерите.
Можно е причината за тоа е затоа што не насетуваат дека нивната соба е „украсена“. Басел оставил трага на повеќе места, од Тенби во Велс до Гватемала.
„Идејата за ова хоби ја добив на одмор во Париз далечните деведесети години кога отседнав во еден хостел и видов дека патниците ја користат задната страна од ѕидните слики како некоја тајна огласна табла“, вели тој.
„Здодевноста е мојот најголем мотиватор. Сепак, тажен дел од целата оваа приказна е тоа што, освен мене, никој во хотелот не може да го види моето дело. Ништо не би ме направило толку среќен, како кога некој би ми испратил фотографија на некое од моите трудови кои случајно ги пронашол“.