Многу вкусен колач кој брзо ќе го подготвите …
Потребно е:
160 гр маст
3 јајца
500 гр шеќер
300 гр брашно
100 мл млеко
5-6 лажици џем од кајсии
50 мл сок одлимон
рендана кора од 1 лимон
Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете ја маста со 250 гр шеќер.
– Додадете 1 цело јајце и 2 жолчки, потоа млеко, брашно, рендана кора од лимон и убаво изматете.
– Тавата за печење со димензии 20х30 см премачкајте го со масло и посипете го со малку брашно и сипете ја горната смеса.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.
– Во меѓувреме изматете густо шне од белките, 250 гр шеќер и сокот од лимон.
– Печената кора извадете ја од рерна, премачкајте ја со џемот од кајсии и одозгора рамномерно распоредете го шнето од белки.
– Тавата со колачот вратете ја уште 15-тина минути во рерна да се допече.
– Печениот колач извадете го од рерна, оставете го убаво да се излади, исечете го на коцки и послужете го.