Лондончани на кои им здодеало од преговори, разговори и дебати за Брегзит, но и од самата идеја за напуштање на Европската Унија, можат да го истераат гневот во гимнастичка сала, преку посебни фитнес вежби.
Тренингот е составен од 30 вежби, кои ги носат имињата на главните актери во процесот Брегзит, на пример удирање во боксерска вреќа со слики на Борис Џонсон, поранешен британски министер за надворешни работи, или со ликот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, премиерката Тереза Меј, нејзиниот претходник Дејвид Камерон, кој го иницираше референдумот за Брегзит пред две години, или пак, на опозицискиот лидер Џереми Корбин.
Брегзит тренингот е идеја на фитнес комплексот Џимбокс, каде е направена анкета меѓу своите членови, околу тоа што најмногу ги мачи, а меѓу одговорите, најчест бил – „Брегзит“.