Изненадите ги своите домашни со овој вкусен колач …
Потребно е:
за тестото:
250 гр пченично бело брашно
150 гр маргарин
4 жолчки
2 лажици кисела павлака
1/2 прашок за пециво
150 гр шеќер
2 лажици вода
за филот:
4 лажици џем од сливи
4 белки
170 гр шеќер
10 гр ванилин шеќер
150 гр ореви
Подготовка:
– Во еден ставете ги жолчките и шеќерот и изматете со миксер. Додадете ги и другите состојки со постојано матење.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.
– Во друг сад ставете ги белките и изматете ги убаво со миксер. Полека додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер и уште малку матете.
– Извадете ја тавата од рерна и полупеченото тесто премачкајте го со џемот од сливи.
– Над џемот ставете го изматениот шлаг од белки и одозгора посипете со сецканите ореви.
– Тавата вратете ја во рерна и оставете го колачот да се допече додека на површината не добие убава златно-кафена боја.