Главниот град на Велика Британија стана најскап град за живот и работа во светот, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата за промет на недвижнини „Савилс“.
Агенцијата чие што седиште се наоѓа токму во Лондон, во тек на своите пресметки се придржувала до единствената формула, која ги собира трошоците за изнајмување на станови, како и трошоци за изнајмување деловен простор по работник.
Вкупниот трошок за Лондон изнесува 73.800 фунти или околу 95.000 евра. Цените на станови во Лондон во последнава година се зголемија за 18,4 проценти, додека цените за изнајмување деловен простор за 9 проценти.
Поради тоа по цена од 100 милиони евра во Лондон може да се купи 2.700 метри квадратни деловен простор, додека за истата сума во Берлин или Амстердам може да се купат дури 17.000 квадратни метри деловен простор.
Инаку во моментов само уште три градови во светот имаат приближно исти трошоци за живот и работа како британската престолнина, а тоа се Хонг Конг, Њујорк и Париз.
Е. Г.