Лондон е град каде возачите најмногу време се „заглавени“ во сообраќајот

Од:

Сообраќајниот метеж е најчеста форма на секојдневнието која прави нервоза меѓу возачите. Во едно истражување кое го објави Бизнис Инсајдер, Лондон е град каде возачите најмногу се „заглавени“ во сообраќајот.

Според истражувањето, возачите ширум светот минатата година во сообраќајот минале осум милијарди часови. Последно место, кога се во прашање европските градови, го зазеде Милан, каде возачите просечно годишно во сообраќајот поминуваат 52 часа.

Пред него е Минхен со 53 часа, потоа Москва со 57, Брисел со 70, Келн во Германија со 71, Антверп во Белгија со 71, Штутгарт со 73, а на прво место е Лондон каде возачите годишно во просек поминуваат 101 час.

Што се однесува до американските градови, на врвот убедливо е Лос Анџелес каде возачите годишно поминуваат „заглавени“ 81 час.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он