Лондон доби „Бескрајни скали“ – лавиринт од 15 испреплетени скали

Од:

Лондон ја доби својата верзија на „скали до небото“.

Доколку тргнете кон Галеријата за модерна и современа уметност „Тејт“ во Саутворк, можете да се изгубите во вртоглавиот лавиринт од 15 испреплетени скали од дрво.

Овие скали, што и пркосат на  гравитацијата, се сместени во парк и не водат никаде, но изгледаат импресивно.

Станува збор за проект од „Лондонскиот фестивал на дизајнот 2013“.

„Бескрајните скали“ се инспирирани од делото на холандскиот графичар Морис Есхер.

Со вкупна должина од 436 метри, скалите се во целост направени од лалино дрво (Liliodendron tulipifera), познато по издржливоста.

Затоа, истовремено, на „Бескрајните скали“ може да стојат 93 лица. Некои скалила водат во ќорсокак, додека други завршуваат со панорама на градот преку Темза.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска