Лондон ја доби својата верзија на „скали до небото“.
Доколку тргнете кон Галеријата за модерна и современа уметност „Тејт“ во Саутворк, можете да се изгубите во вртоглавиот лавиринт од 15 испреплетени скали од дрво.
Овие скали, што и пркосат на гравитацијата, се сместени во парк и не водат никаде, но изгледаат импресивно.
Станува збор за проект од „Лондонскиот фестивал на дизајнот 2013“.
„Бескрајните скали“ се инспирирани од делото на холандскиот графичар Морис Есхер.
Со вкупна должина од 436 метри, скалите се во целост направени од лалино дрво (Liliodendron tulipifera), познато по издржливоста.
Затоа, истовремено, на „Бескрајните скали“ може да стојат 93 лица. Некои скалила водат во ќорсокак, додека други завршуваат со панорама на градот преку Темза.