Лиснати мафини со спанаќ

Од:

Вкусни и лесни за подготовка …

Потребно е:
300 гр спанаќ
500 гр лиснато тесто
200 гр сирење
2 јајца
3 лажици масло
изрендан кашкавал, за посипување

Подготовка:
– Исчистете го спанаќот, исецкајте го ситно и издинстајте го на малку масло.

– Додадете ги издрбеното сирење и 1 јајце и 1 белка. Измешајте убаво.

– Развлечете го лиснатото тесто и исечете го на 12 квадрати.

– Секое парче тесто ставете го во една дупка од калапот за мафини и убаво притиснете го со раце, обликувајте го како корпичка.

– Распоредете го филот на секое тесто. Одозгора премачкајте со разматена жолчка.

– Ставете да се печат во врела рерна на 180 целзиусови степени додека да добијат убава златна боја.

– Пред крај на печењето посипете ги со изрендан кашкавал и вратете ги во рерна да се запечат и да се растопи кашкавалот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска