Мирисно и вкусно …
Потребно е:
125 гр лиснато тесто
30 гр ајвар
1 младо кромид
20 гр трапист кашкавал
2 парчиња сланина
1 јајце
Подготовка:
– Развлечете го лиснатото тесто во правоаголник со димензии 10х15 см и ставете го на дното на намастена керамичка тава.
– Премачкајте го со ајвар, одозгора наредете сецкан млад кромид, изренданиот кашкавал, двете парчиња сланина, изматеното јајце и потоа повторно кромид и кашкавал.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути.
– Послужете ја топла.