Линдзи Вон во врска со Тајгер Вудс

Од:

Најдобрата американска скијачка Линдзи Вон објави дека е во врска со нејзиниот сонародник, славниот голф играч Тајгер Вудс.

– Не е веќе тајна дека сме во врска со Тајгер. Нашиот интензивен пријателски однос во последно време се разви во нешто повеќе и многу сум среќна поради тоа. Им се заблагодарувам на сите кои ни даваат поддршка, напиша Вон под објавената заедничка фотографија со Вудс на социјалните мрежи.

Со оваа информација се потврдија шпекулациите кои се појавија во американските медиуми дека Линдзи е во врска со Вудс.

И двете ѕвезди зад себе оставија неуспешен брак. Линдзи се разведе од Томас Вон, додека Вудс имаше неуспешен брачен живот со Елин Нордегрен.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски