Киселиот вкус на вишните не им се допаѓа на многумина, но тешко е да се одолее на вкусот и мирисот на домашниот ликер.
Состојки:
1 кг вишни
700 гр шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
150 мл вода
350 мл рум
Подготовка:
Во поголем сад помешајте ги вишните, водата и ванилин шеќер. Ставете ги на тивок оган и повремено мешајте. Додека се готви ќе почне да пени, кога ќе ја снема пената значи дека пената е готова.
Кога е веќе сварен сирупот, оставете го да се излади и додадете го румот. Нека отстои 24 часа и уживајте во ликерот.