Одличен пијалок за жешките денови, прав летен специјалитет со кофеински карактер, и што е најважно многу лесен за подготовка.
Состојки:
1 чаша Нескафе
1/2 чаша млеко
1/2 чаша издробен мраз
1/4 лажичка цимет во прав
2 лажици сладолед од ванила
прелив од чоколадо
Подготовка:
Во миксер ставете го припременото кафе, 1 лажица сладолед, млеко и цимет. Миксирајте 5 – 10 секунди. Во поголема чаша ставете го најпрво издробениот мраз па преку него прелејте го миксираното кафе. Најгоре ставете ја топката сладолед и чоколаден прелив.
Уживајте во друштво.