Леланд- хотел во кој никој не се враќа

Од:

Доколку сакате да се впуштите во опасна авантура и да доживеете сцени слични на оние од хорор филмовите, тогаш посетите го хотелот „Леланд“ во Детроит.

Кога бил отворен во 1927 година важел за луксузен хотел со 800 соби, кафетерија и голема сала за танцување, а денеска тоа е зграда со валкани соби, грозни тоалети и расипани лифтови.

Грозен мирис се шири од ходникот и собите на хотелот „Леланд“, мувлата по ѕидовите и подовите откриваат дека никој со години не ги исчистил, па затоа и не чуди што гостите на хотелот на популарниот Tripadvisory пишуваат дека состојбата на просторијата е застрашувачка.

-Персоналот е неверојатно нељубезен, лифтовите се во состојба на распаѓање, а нам во собата некој тргна да ни влегува бидејќи резервација за таа соба била одобрена и за нас и на уште некого, се пожалиле гости на хотелот на страницата која нуди информации за патувањата и хотелите.

-Некој биј избоден пред вратата на хотелот. Огромна локва крв беше пред него, напишал друг посетител на хотелот, додека бројни поранешни гости на „Леланд“ се пожалиле на нељубезниот персонал.

Исто така, поранешни гости се жалеле и на одвратниот мирис што се шири низ хотелот, неверојатно валканите тоалети и тушеви што не работат.

Заради бројните поплаки хотелот Леланд е рангиран као најлош, врз основа на коментарите на посетителите.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска