Леб со брокула и мелени бадеми

Од:

Неверојатно вусен и здрав …

Потребно е:
1 средна брокула
100 гр мелени бадеми
4 јајца
сол и бибер, по вкус
1 лажица суви зачински билки, оригано, темјан, копар

Подготовка:
– Во блендер ситно измелете ја брокулата.

– Измелената брокула ставете ја во еден сад и додадете ги мелените бадеми, јајцата, зачините и убаво измешајте со вилушка или рака за да се спојат сите состојки.

– Смесата ставете ја во тава обложена со хартија за печење и со раце обликувајте ја како правоаголник.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути. Оставете да се излади, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска