Лазањи со лигњи

Од:

Направете ја оваа комбинација на омилени јадења, затоа што овој спој на лигњи, тесто за лазањи и вино дава неверојатно мирисни залачиња …

Потребно е:
100 мл маслиново масло
120 гр кромид, ситно сецкан
4 чешниња лук, ситно сецкани
1/2 китка магдонос, ситно сецкана
800 гр исчистени лигњи, сецкани на коцкички
150 мл вино прошек
1 домат
бибер
1 лажица мелен сув зачин
8 суви сливи, без семки
12 кори за лазањи
120 гр изрендан пармезан

за бешамел сосот:
50 гр путер
сол, бибер
50 гр брашно
прстофат свежо мелено морско оревче
1 л млеко

Подготовка:
– На маслиново масло пропржете ги кромидот, лукот и магдоносот, и по 1-2 минути додадете ги сецканите лигњи. Додадете го и виното и динстајте 3-4 минути. Сега додадете го сецканиот домат и динстајте додека не омекнат лигњите. Пред крај додадете бибер, мелен сув зачин и сливите.

– Преминете на подготовка на бешамел сосот. Во еден сад на рингла ставете го путерот и откако ќе се растопи додадете го брашното. Малку испржете го и почнете да го додавате млекото со постојано мешање. Кога сосот ќе се згусне зачинете го со сол, бибер и морско оревче.

– Почнете со редење на лазањите. Најодоздола во огноотпорната тава ставете малку од бешамел сосот, па наредете ред кори и повторно ставете од бешамелот. Сега распоредете од филот од лазањи и посипете со ренданиот пармезан.

– Продолжете со истата постапка додека не ги потрошите сите состојки. Завршете со фил од лигњи и на крај посипете со повеќе пармезан.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени, 25-30 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете ги уште 10-тина минути.

– Готовите лазањи послужете ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска