Кустурица ја носи Моника Белучи во Србија

Од:

Моника Белучи на 16 јануари доаѓа на фестивалот Кустендорф Мокра Гора во Србија.

Српскиот режисер Емир Кустурица изминативе години во Дрвенград на Мокра Гора угости многу славни ѕвезди како Џони Деп, Никита Михалков, Џим Џармуш. Сега на Кустендорф ќе дојде и актерката Моника Белучи.

Моника Белучи е најубавата жена во светот, а воедно и надобрата актерка. Затоа се одлучив да ја донесам и да ја угостам во Србија. Таа ќе биде специјална гостинка на фестивалот Кустендорф кој ќе се одржи од 16. до 22. јануари“, рече Емир Кустурица за спрски Блиц.

Славната италијанска актерка е долгогодишна пријателка на Емир Кустурица, а била одешевена што од белградскиот аеродром со хеликоптер ќе пристигне во магичниот град од дрво.

На фестивалот ќе бидат прикажани најдобрите филмови на Моника Белучи , а таа ќе држи и предавање за студентите на режија.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид