Вкусен и здрав десерт …
Потребно е:
400 гр кус-кус
400 мл вода
50 гр путер, солен
40 гр суво грозје
40 гр суви кајсии
40 гр бадеми, излупени
1 прстофат сол
Подготовка:
– Сувото овошје убаво измијте го и исцедете го. Сувите кајсии исецкајте ги со големина колку сувото грозје.
– Во еден сад измешајте ги кус-кусот, прстофат сол, путер исечен на коцки и сувото овошје и полијте ги со врела вода. Оставете да стои поклопено додека кус-кусот не ја впие водата.
– За тоа време тостирајте ги бадемите на сува тава и крупно исецкајте ги.
– Со вилушка полека измешајте го кус-кусот, додадете ги исецканите тостирани бадеми и послужете.