Кули за полнење електрични автомобили

Од:

Њујоршката компанија Енед Аркитектс го претстави својот нов амбициозен проект – кули за полнење на електрични автомобили, коишто според многумина, многу извесно е дека ќе станат возила на иднината.

– Со цел да го зголемиме бројот на електрични автомобили коишто истовремено ќе бидат услужени, ние ги искористивме постојните технологии за полнење и технологиите за градење паркинзи, па создадовме кула за полнење, велат инженерите од Енед Аркитектс.

Полнењето може да биде кусо, од 25 минути, и долго – кое би траело околу пет часа, во зависност од потребите на клиентот. Оние кои ќе сакаат за кусо време да ги наполнат своите автомобили ќе треба да се паркираат на платформата на приземјето, додека оние кои се за долго полнење, ќе мора да се качат со автомобилите на повисоките платформи од кулата.

Варијанта на оваа идеја беше предложена на Женева Мотор Шоу во 2016 година, од Фостер + Парнерс и Нисан. Нивниот проект се однесуваше на „паметни улици”, односно улици по кои електричните автомобили ќе се полнат во движење со помош на безжична технологија.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска