Наодите на британските научници покажуваат дека повеќето „женски“ кукли во излозите на продавниците за облека имаат димензии што одговараат на оние жени кои имаат екстремно мала телесна тежина.
Оваа појава ретко се забележува кај „машките“ кукли, утврдиле научниците од Универзитетот Ливерпул.
Промените во дизајнот на куклите наменети за рекламирање на облеката би биле првиот позитивен чекор во сеопфатната кампања против нарушувањата во исхраната како анорексијата или булимијата, оценуваат истражувачите.
Магазинот „Итинг Дисордрс“ пишува дека нарушувањата во исхраната со себе го носат најголемиот ризик за смрт.