Куглоф со парчиња чоколадо и сецкани ореви

Од:

Рецепт за еден неверојатно вкусен и мек колач, со префинет вкус, одличен за појадок во друштво со шолја кафе/чај/млеко/какао. Вистинско уживање.

Потребно е:
1 јајце
5 чаши шеќер                           (1 чаша = 250 мл)
1/4 л млеко/кисело млеко/јогурт
2 чаши масло за јадење
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
7 чаши брашно
1 чаши сечкани ореви
1 чаши сечкано црно чоколадо
1 чаши суво грозје (потопено во рум)

Подготовка:
– Во длабок сад матете го јајцето со шеќерот. Додадете ги млекото, маслото, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и брашното. Мешајте додека да се соединат сите состојки и да нема грутки.

– На крај ставете ги оревите, сувото грозје и чоколадото. Измешајте ја смесата и прелијте ја во претходно подмачкан со масло и брашно калап за куглов.

– Ставете го колачот да се пече во рерна загреана на 220 целзиусови степени, 40-45 минути.

– Кога ќе биде печен, извадете го од рерна, почекајте да се олади и превртете го на голема чинија за сервирање.

– Одозгора ставете шеќер во прав, исечете го на парчиња и сервирајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска