Куглоф со мед

Од:

Потребно е:   (1 чаша = 250 мл)
4 чаши брашно
1 прашок за пециво
1 лажиче сода бикарбона
1/2 лажиче сол
4 лажичиња цимет
малку морско оревче
малку екстракт од ванила
1 чаша масло
1 чаша мед
1/5 чаша кафеав шеќер
3 јајца
1 чаша млеко
1 портокал (сок и кора)
1/2 чаша сецкани ореви

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги маслото, сокот од портокал, медот, јајцата и млекото и изматете ги убаво со електричен миксер.

– Додадете ги шеќерот, брашното, прашокот за пециво и содата, убаво измешајте, додадете ги и зачините и на крај и сецканите ореви.

– Добиената смеса сипете ја во намастен калап за куглоф или пак во силиконски качап и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени. По 10-тина минути смалете ја температурата и калапот покријте го со алуминиумска фолија. Проверете дали е печен со чепкалка за заби, кога ќе ја боцнете во колачот треба да ја извадите сува.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска