Кучињата на Бајден ќе се вратат во Белата куќа

Од:

Мејџор, палавото куче на американскиот претседател Џозеф Бајден, ќе се врати во Белата куќа, но, како што пишуваат западните медиуми, откако тоа ќе мине „посебна обука“, односно дресура.

Претседателот во едно скорешно интервју изјави дека Мејџор, којшто инаку беше испратен во Вилмингтон, Делавер, САД, по гризнување човек, е „симпатично куче“. Тој го објасни немилиот настан со тоа дека домашниот миленик бил на непознато место, со две лица кои тој не ги познавал. Тие почнале да се движат и тој „се бранел“.

Според Џо Бајден, 85 насто од вработените го сакаат Мејџор.

Заедно со тригодишното куче, и 12-годишниот Чемп беше испратен во домот на Џо Бајден во Делавер. И двете ќе се вратат во Белата куќа. Претседателот одрече дека Мејџор бил испратен поради несаканата случка. Тој рече дека кучињата се однесени во Вилмингтон затоа што тој и неговата сопруга сакале да бидат отсутни некое време.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Зеленски: Зборував со Бајден за поддршката на САД за Украина

Бајден ја осуди одлуката на Мета да стави крај на програмата за проверка на факти