Кучето Симба од Кавадарци неколку дена ја чека починатата сопственичка: Лежи крај нејзиниот автомобил

Од:

Кучето Симба повеќе од три дена лежи крај автомобилот на неговата спасителка која почина во Кавадарци. Оваа емотивна вест ја објави Здружението ,,Шепи 2021″ од Кавадарци.

– Дека кучето е најлојален и најверен пријател на човекот сведочат многу примери! Ова е кавадаречкиот Симба, кој веќе трети ден лежи покрај автомобилот на неговата спасителка Билјана Галабова, очекувајќи ја да дојде…Срце да ти се крши!, посочија од Здружението.

Фотографијата е направена од активистката за заштита на животните, Билјана Миркова. Tаа нагласи дека Галабова, инаку музејски работник, а почина деновиве, беше голем љубител на животните и благодарение на неа, беа спасени многу бездомни животни.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

Малолетник повреден на рингишпил во Кавадарци

ВИДЕО: Изгоре фабриката „Ником“ во Кавдарци

Катерина Ѓуровски

Невреме со врнежи од град го зафати попладнево Кавадарци

Уапсен е кавадарчанец кој и се заканувал на сопругата

Горан Наумовски