Куба: Земја на љубовта и салсата

Од:

Куба е една од дестинаците, кои ги поседуваат сите елементи кои создаваат сценарио од соништата: бел песок, тропско сонце, високи палми и кристално чиста вода…

Природата кон овој карипски остров била исклучително дарежлива и затоа многумина велат дека Куба е вистински рај на земјата. Поради политичкиот систем и полувековното спротивставување на соседните САД, Куба се нарекува и Остров на слободата.

Во Куба доаѓа армија туристи од целиот свет. Во Кајо Ларгу има 26 километри плажа од бел песок со речиси нереално тикризно море и шарени морски корални гребени. Ова е идеална плажа за оние кои сакаат мошне топла морска вода и целодневно излежување на карипското сонце.

Плаја Сирена е рај за нуркање, возење со кајак и едрење. Иако прилично заштитена од ветрот и брановите оваа плажа ги пружа сите услови за водени спортови. Туристите кои ја посетиле велат дека имале искуство на најдобри подводни глетки, егзотични риби и шарени корали токму на оваа плажа. Кајо Игуана е еден од најголемите светски резервати на овие животни.

За оние кои се помалку храбри се препорачува пливање во изолирани и мошне интимни заливи, кои ги красат околните плажи.

Плаја Анкон е плажа достапна исклучиво за туристите, така што доколку сакате да се стопите со локалното население, ова можеби и не е најдобар избор за вас. На Плаја Коко ќе присуствувате на единствен спектакал. Додека уживате на плажата можете да ги видите необичните жители, пинк фламингоси и бели ибис птици.

На Куба има и луксузни хотели, ресторани и барови, така што ќе имате впечаток дека сте на минијатурен Мајами Бич, а не на Куба. Пристапот на локалното население до повеќето кубански плажи е ограничен, така што посетители се исклучиво Американци, Канаѓани и Европејци.

Првите асоцијации на Куба, освен преубавите плажи, за сите се цигарите, румот, коктелите, салсата и легендарниот револуционер Че Гевара. Кубанците не знаат за благодатта на потрошувачкото општество, така што и натаму возат автомобили стари повеќе од половина век, а луксуз претставува дури и мобилен телефон. Но тоа е земја на „грациозна сиромаштија“, иако никој нема многу, на сите им се обезбедини стан, работа, школување…Вистина е дека нема политички слободи, но ниту социјална поделба и криминал.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска