Куба го искорени преносот на ХИВ од мајка на дете

Од:

Светската здравствена организација извести дека Куба е првата земја во светот која успешно го елиминирала преносот иа ХИВ и сифилис од мајка на дете.

Тоа го потврдуваат и податоците дека во 2014 година само две деца во земјата се родени со ХИВ, а пет со сифилис, стои во соопштението.

Директорот на СЗО Маргарет Чан тој исклучителен успех го нарече еден од најголемите достигнувања во јавното здравство, изразувајќи надеж дека и другите земји наскоро ќе бидат во таа позиција.

– Куба успешно покажа дека универзалниот здравствен пристап е клучен за успех, дури и кога во прашање е предизвик како ХИВ, се наведува во соопштението на Кариса Етиен, директор на Панамериканската здравствена организација.

СЗО на кубанските жени им овозможи ран пристап на пренатална грижа, во чии рамки мајките се тестираат на ХИВ и сифилис, а оние кои се позитивни на една од две полно преносливи болести, благовремено се лекуваат.

Секоја година во светот забременуваат околу 1,4 милиони жени заразени со ХИВ, а ако не се лекуваат, шансите вирусот за време на бременоста, породувањето или доењето да се пренесат на дете се меѓу 15 и 45 отсто.

Ризикот се намалува на околу еден отсто, ако на мајката и детето истовремено се даваат антиретровирусни лекови, се наведува во извештајот на СЗО.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска