Крокети со колбаси

Од:

Вистинско гурманско јадење …

Потребно е:
250 гр крањски колбаси
250 мл млеко
40 гр путер
100 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
2 јајца
2 лажици лебни трошки
3 помали кисели краставички
1 лажиче мелен сув зачин

за похувањето:
80 гр брашно
2 јајца
160 гр лебни трошки

Подготовка:
– Колбасите сварете ги, излупете ги и ситно исецкајте ги.

– Брашното измешајте го во поголемиот дел од млекото да добиете хомогена смеса.

– Во преостанатото млеко додадете ги путерот и мелениот сув зачин и ставете ги на рингла да се варат. Кога ќе почне да врие додадете ја смесата со брашно и кратко варете со постојано мешање.

– Оставете да се излади и потоа додадете ги прашокот за пециво, лебните трошки, едно по едно јајце, сецканите краставички и сецканите колбаси.

– Со мокри раце обликувајте крокети, увалкајте ги во брашно, па во изматени јајца и на крај во лебни трошки.

– Ставете ги да се пржат во врело масло на умерена температура од сите страни, додека да добијат убава златно-румена боја.

– Крокетите послужете ги врели со тартар сос и зелена салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска