Крофни со прав шеќер или пак полнети со омилениот џем, а можеби и со крем од ванила или со чоколаден крем … Изборот е ваш!
Потребно е:
750 гр брашно
100 мл масло
4 лажици шеќер
1 јајце
1 жолчка
500 мл млеко
40 гр свеж квасец
малку сол
масло за пржење
1 ванилин шеќер
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Квасецот растопете го во 100 мл млако млеко со малку шеќер и малку брашно во него. Оставете го на топло место да нарасне.
– Во меѓувреме изматете ги јајцата со остатокот од млекото, шеќерот и малку сол. Додадете го стасаниот квасец, па полека додадете ги брашното и маслото со постојано мешање со дрвена лажица.
– Тестото оставете го да стои на топло место додека двојно не нарасне. Потоа развлечете го со дебелина од околу 1 см и со чаша или модла вадете крофни.
– Оставете ги да стојат уште половина час, а потоа пржете ги во врело масло.
– Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав во кој сте го измешале ванилиниот шеќер.