Кривата кула во Пиза полека се исправува

Од:

Познатата Крива Кула во Пиза полека, но сигурно, се враќа во исправена положба, пишува Хафингтон Пост.

Според годишниот извештај што го издаде официјална група за надзор на славната градба, Кулата се исправила за околу 2,5 сантиметри во периодот од 2001 до 2013 година.

И иако е во прашање навидум мал број сантиметри, тој многу значи за надзорниците кои почнаа внимателно да ја надгледуваат откако во 2001 година повторно беше отворена за јавноста.

Од 1992 година накосувањето на Кулата е намалено вкупно од 4,5 на 4,1 метри, заради „интервенциите на спасување“.

Првата од нив, што ја водеше професор Микеле Јамиолковски, вклучуваше завиткување на првиот кат од Кулата со 18 челични кабли, а потоа и замена на бетонските блокови под земјата.

Во јануари беше спроведена последната интервенција – ископана беше земја под темелот на Кулата заради што тој упадна подлабоко во земјата и со помош на тоа се намали и накосувањето.

Споменатото намалување на накосувањето во последните 12 години е вистинска победа на стручњаците: тие предвидуваат дека оваа Кула сега е сигурна барем следните 200 до 300 години.

Сепак, ќе го задржи закосувањето заради кое и стана светска атракција.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска