Кристално сино водено пространство: Пештерата Поко Азул

Од:

Во длабочините на пештерата Поко Азул во националниот парк Чапада Дијамантин тешко е да се рече каде завршуваат карпите, а каде почнува водата…

Пространата пештера, длабока 16 метри ја пронајде еден трагач на злато во Бразил во 1920 година, а нејзината кристално чиста вода и премините од сини во зелени нијанси веќе со децении фасцинира голем број посетители.

Имено минувањето на природната светлина низ отворот на пештарата и нејзиното одбивање од површината на многу бистрата вода создават илузија на „невидлив базен“, односно чувство дека нема вода.

Температурата на водата низ целата година изнесува 24 степени, а нуркачите имаат можност да доживеат несекојденвно чувство на мир.

– Вакво место навистина тешко може да се најде. Многу пештери наликуваат на оваа, но ни приближно не се како Поко Азул, рече фотографот Марсио Дуранк.

– Пристап е дозволен на мали групи луѓе, така што нема место од стравување дека туризмот ќе ја загрози ова волшебна пештера, додаде фотографот.

Во пештарата пронајдени се околу 40 различни видови животни од кои многу се исчезнати, а во 1990 година археолозите пронајдоа скелет на голем мрзливец (во просек тежок пет тони), кој е исчезнат во периодот на плеистоценот, пред повеќе од 11.000 години.

Познато како Сина јама, ова место денес е едно од најпопуларните туристички дестинации на паркот Чапада, кој годишно го посетуваат повеќе од стотици луѓе.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска