Комбинацијата малини со афион и дава на оваа торта посебен вкус …
Потребно е:
3 јајца
150 гр шеќер во прав
100 гр путер
1/2 кесичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
30 гр печени лешници
10 гр лебни трошки
150 гр афион
за филот:
500 мл млеко
100 гр шеќер
3 јајца
50 гр нишесте
10 гр остро брашно
100 гр шлаг во прав
600 гр малини
1 кесичка прелив за торти
изрендана коричка од 1 лимон
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги омекнатиот путер со шеќерот во прав додека не стане пенест.
– Одвоите ги белките од жолчките. Изматете ги белките во густ шлаг.
– Смесата со путерот матете ја и постепено додадете ги жолчките. Потоа додадете ги прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, лебните трошки, мелените лешници, мелениот афион и изренданата кора од лимон. Измешајте со лажица.
– Додадете ги и изматените белки и полека измешајте со дрвена лажица.
– Смесата сипете ја во намастен калап и ставете да се пече во загреана рерна на 160 целзиусови степени 25 минути.
– За филот, ставете да се вари 300 мл млеко. Во еден сад изматете ги јајцата, шеќерот, нишестето и брашното и ова додадете го во врелото млеко. Варете ја смесата со постојано мешање околу 10 минути. Готовиот фил оставете го да се излади и во него додадете го претходно изматениот шлаг. Убаво измешајте.
– Филот нанесете го на испеченото и изладено тесто. Одозгора наредете ги малините и на крај нанесете го претходно подготвениот прелив за торта.
– Пред да ја послужите убаво изладете ја во фрижидер.