Брзо ќе ја подготвите, а може да ви замени цел оброк…
Потребно е:
500 гр варено пилешко бело месо
150 гр пченка шеќерец
150 гр грашок
100 гр маринирани шампињони
3 варени јајца
400 гр мајонез
сол
Подготовка:
– Сварете го пилешкото месо и оставете да се излади. Ситно исецкајте го или искинете го со раце.
– Сварете ја пченката и грашокот, исцедете и оставете да се изладат.
– Сварените јајца ситно исецкајте ги.
– Исто исецкајте ги и маринираните шампињони.
– Сите состојки ставете ги во еден подлабок сад, по вкус посолете, додадете го мајонезот и убаво измешајте.
– Пред да ја послужите оставете да стои неколку часа во фрижидер.