Потребно е:
450 мл кисела павлака
200 гр печени, солени и исчистени кикирики
570 гр пченка од конзерва
сол, по потреба
Подготовка:
– Пченката исцедете ја. Кикириките ситно исецкајте ги.
– Сите состојки ставете ги еден сад, посолете по вкус и убаво измешајте.
– Садот со салатата ставете го во фрижидер убаво да се излади.
– Салатата послужете ја убаво изладена.