Интересна комбинација на пире од костени и чоколадо …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
6 јајца
80 гр шеќер
2 лажици какао
60 гр брашно
5 лажици млеко
за кремот:
150 гр пире од костени
300 мл слатка павлака
300 мл млеко
1 пакување готов крем за колачи
100 гр чоколадо
Подготовка:
– Во еден сад убаво изматете ги жолчките од јајца со шеќерот. Додадете го какаото измешано со брашното и повторно убаво изматете.
– Белките од јајца изматете ги убаво во густ шлаг. Додаде ги во горната смеса и полека измешајте со дрвена лажица.
– На дното на калап за торта (со дијаметар од 24 см) ставете хартија за печење. Убаво премачкајте го со масло, сипете ја горната смеса и израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40 минути.
– Извадете го од рерна и оставете го да се излади. Потоа попрскајте го со млеко.
– Пирето од костени изматете го со 100 мл слатка павлака.
– Во друг сад сипете ладно млеко, додадете ја преостанатата слатка павлака и содржината од кесичката за готовиот крем. Матете со миксер додека не добиете густ крем.
– Во кремот додадете го растопеното чоколадо и пирето од костени.
– Веднаш нанесете го на изладеното тесто и израмнете го.
– Тортата ставете ја во фрижидер да се излади и потоа послужете ја.