Спој на кремаст и прелиен со шербет колач, превкусно …
Потребно е:
500 гр кори за кадаиф
250 гр путер
200 гр мелени ореви
за шербетот:
350 мл вода
450 гр шеќер
малку сок од лимон, по желба
за кремот:
1 л млеко
4 лажици брашно
3 лажици нишесте
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 жолчка
за украсување:
2 шлаг креми
мелени ореви
Подготовка:
– Корите за кадаиф малку иситнете ги.
– Растопете го путерот и посипете го на кадаифот. Со раце измешајте го кадаифот рамномерно да се натопи со путерот.
– Половина од кадаифот распоредете во тава. Посипете со 2/3 мелени ореви. Одозгора ставете го преостанатиот кадаиф и малку притиснете со раце да се изедначи.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути, односно додека малку не порумени.
– Додека се пече кадаифот направете го шербетот. Во сад на рингла ставете ги водата и шеќерот и оставете да се варат 10-тина минути.
– За кремот, во еден сад ставете ги млекото, брашното, нишестето, шеќерот, ванилиниот шеќер и жолчката. Садот ставете го на рингла и со жица варете го кремот додека да се згусне.
– Печениот кадаиф прелијте го со шербетот.
– Веднаш можете да го сипете и врелиот фил на кадаифот.
– Оставете го 1 час да се излади.
– Изматете две шлаг креми и премачкајте ги по изладениот фил.
– Посипете со преостанатите мелени ореви, исечете на парчиња и послужете.