Моркови, тиквички, брокула и карфиол волшебно се претвораат во вкусна крем супа со помош на морско оревче.
Состојки:
1 лажица маслиново масло
50 гр лук
100 гр морков
200 гр тиквица
500 мл вода
250 гр брокула
1 лажица сол
¼ лажица црн бибер
¼ лажица рендано морско оревче
200 мл крем за готвење
Подготовка:
Во тава со загреано маслиново масло пропржете го ситно исецканиот лук додека не добие златно жолта боја. Додадете ги исецканите моркови и тиквици.
Налијте ја водата, а потоа додадете ги брокулата, посолете и додадете го морското оревче. Гответе на тивок оган додека зеленчукот не омекне.
Промешајте ја смесата со миксер или во блендер додадете го кремот за готвење и оставете да се готви на тивок оган.
Совет:
Наместо крем за готвење може да додадете една лажица маслиново масло.