Крем од кафе со ореви

Од:

Изненадете ги пријателите со овој вкусен ароматичен десерт…

Потребно е:
6 жолчки од јајце
300 мл сварено инстант кафе
600 мл млеко со поголема масленост
1 стапче ванила
180 г шеќер
200 мл слатка павлака
30 г шеќер во прав
8 исчистени половинки ореви
сол

Подготовка:
– Свареното инстант кафе сипете го во тава да добиете слој со дебелина од 1 прст. Ставете ја во замрзнувач.

– Во сад на рингла сипете го млекото и додатете го стапчето ванила пресечено по должина. Момент пред да почне да врие тргнете го садот од рингла.

– Во огноотпорен сад ставете ги жолчките, 120 г шеќер и прстофат сол и почнете со матење. Треба да добиете густ крем.

– Во кремот постепено додавајте го млекото во тенок млаз (претходно тргнете го стапчето ванила од млекото) со постојано матење.

– Кремот ставете го да се вари на пареа околу 10 минути со постојано матење, односно додека не почне да се згуснува. Садот со врелеио крем потопете го во друга сад со вода за да го изладите кремот.

– Во друг сад на рингла ставете го да се вари преостанатиот шеќер и 2 лажици вода додека да добиете темен карамел.

– Половинките ореви наредете ги на алуминиумска фолија и одозгора прелијте ги со карамелот.

– Изладената слатка павлака изматете ја со шеќерот во прав (ако не е засладена).

– Тавата со замрзнатото инстант кафе извадете ја од замрзнувач. Изрендајте го или сомелете го замрзнатото кафе.

– Кремот распоредете го во 4 украсни чаши, одозгора посипете го со смрзнатото кафе, измаатената слатка павлака и украсее со карамелизираните ореви.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска