Ароматични крцкави крекери …
Потребно е:
115 гр омекнат путер
225 гр кашкавал
190 гр брашно
1 лажиче сол
60 гр сецкани ореви
1 лажиче сецкан свеж рузмарин
Подготовка:
– Во еден подлабок сад со миксер убаво изматете ги путерот, кашкавалот и рузмаринот. Додадете ги брашното, солта и оревите и матете додека не се соединат сите состојки.
– Тестото поделете го на два дела и секој дел обликувајте го во што поправилен цилиндар. Замотајте го во пластични фолии и ставете ги во фрижидер да стојат барем 1 час или пак 20-тина минути во замрзнувач.
– Извадете ги од фрижидер и исечете ги на парчиња со дебелина од 5 мм со остар нож. Ова лесно ќе го направите затоа што тестото ќе биде доволно стврднато.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 160 целзиусови степени околу 20 минути, односно дедека не заруменат рабовите на крекерите.
– Можете да ги чувате во херметички затворен сад неколку дена.