Уште еден начин да го искористите пилешкото месо кое ви останало од претходниот ручек …
Потребно е:
6-8 тортиљи
околу 400 гр печено пилешко месо
100 гр пченка
75 гр изрендан чедар кашкавал
75 гр изрендан гауда кашкавал
3-4 ситно сецкани млади кромидчиња
3-4 чешниња ситно сецкан лук
1 полна лажица ситно сецкан свеж магдонос
100 гр густ грчки јогурт
2 мали ситно сецкани лути пиперчиња
сол, бибер
1/2 лажиче мелен кумин
за прилогот од авокадо:
2 зрели авокада
сок од лимета
1 полна лажица ситно сецкан коријандер
2 полни лажици густ грчки јогурт
сол, бибер
малку толчена црвена пиперка
и уште:
50 мл масло
2 чешниња пасиран лук
1 лажиче сув италијански зачин
Подготовка:
– Пилешкото месо ситно исецкајте го и ставете го во еден подлабок сад.
– Додадете ги изрендани двата вида на кашкавал, сол, бибер, кумин, ситно сецкан млад кромид, пченката, ситно сецканиот лук, ситно сецканиот магдонос, ситно сецканите пиперчиња и на крај додадете го густио грчки јогурт. Убаво измешајте и ако има потреба додадете уште сол и бибер по вкус.
– Во тава сипете 50 мл масло и додадете 2 чешниња пасиран лук. Пржете ги само 1 минута колку да замирисаат. Тргнете ја тавата н астрана и сотавете 5 минути маслото да го поприми мирисот од лукот.
– Ставете една тортиља на работна површина и на неа кај едниот крај ставете две полни лажици од смесата со пилешко месо.
– Завиткајте ја како ролна. Истото направете го со останатите тортиљи.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење со споените краеви надоле.
– Вака наредените тортиљи премачкајте ги со ароматичното масло од лук и посипете со италијанската мешавина од зачини.
– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути.
– Сега внимателно превртете ги од другата страна и повторно премачкајте ги со ароматичното масло. Вратете ги да се допечат уште 5 минути или додека да поруменат.
– Додека се печат тортиљите направете го прилогот од авокадо. Ситно исецкајте го младиот кромид и коријандерот. Авокадото исечете го на пола, а потоа внатрешноста исецкајте ја на мали коцки и со лажиче извадете ја надвор.
– Додадете ги сокот од лимета, бибер, сол и грчкиот јогурт, измешајте и сипете ја содржината во еден сад.
– Печените тортиљи послужете ги со прилогот од авокадо.