Многу е ароматичен и вкусен …
Потребно е:
335 гр пченично бело брашно
30 гр пченкарно брашно
1 полно лажиче сол
5 гр сув квасец
1/2 лажиче шеќер
1 лажица маслиново масло
260 мл топла вода
за премачкување:
5-6 чешниња лук
1/2 лажиче хималајска сол
3 полни лажици ситно сецкан свеж магдонос
2 лажици маслиново масло
50 гр ситно рендан пармезан
Подготовка:
– Во малку топла вода ставете 1/2 лажиче шеќер и сув квасец, измешајте и оставете го на страна за да стаса квасецот.
– Во еден подлабок сад ставете ги двете брашна, сол, стасаниот квасец, маслиново масло и топла вода. Измешајте со дрвена лажица и сипете го на набрашнета работна површина.
– Месете го со раце 10-тина минути. Тестото треба да биде меко и еластично. Покријте го со крпа и оставете го да нарасне.
– Пораснатото тесто притиснете го неколку пати со рака, премачкајте го со малку маслиново масло и повторно покријте го и оставете го уште 30-тина минути.
– Вклучете ја рерната на 200 целзиусови степени и ставете ја тавата од рерна во неа и таа да се грее.
– Ако сакате помали лепињи тестото поделете го на парчиња околу 5 гр тешки, а ако сакате поголеми тогаш нека бидат тешки 115-120 гр.
– Со сукало истенчете ги на малку набрашнета работна површина со дебелина 2-3 мм и должина околу 15 см. Премачкајте ги со 1 лажица смеса од лук и посипете со ситно изрендан пармезан.
– За смесата од лук, ставете ги чешнињата лук во аван, додадете сол и убаво истолчете го. Додадете ситно сецкан магдонос и продолжите да толчите со полека додавање на маслиново масло. Ова може да го направите и во блендер.
– Пренесете ги во загреаната тава во рерна и кратко печете ги околу 5 минути или додека малку не нараснат и поруменат.
– Оставете ги малку да се изладат и послужете ги топли, со јогурт или кисело млеко.