Додека ги печете овие колачиња ќе имате неодолив мирис во домот …
Потребно е:
350 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
225 гр путер
прстофат сол
2 јајца
1 ванилин шеќер
200 гр чоколадни зрнца
150 гр парченца карамел (во секое колаче треба внатре да втиснете по едно парченце)
Подготовка:
– Во еден сад помешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта.
– Во друг сад со миксер изматете го путерот со шеќерот додека не се соединат.
– Додадете ги јајцата и матете додека да добиете хомогена смеса.
– Потоа додадете ги чоколадните зрнца и измешајте убаво со дрвена лажица. Смесата не треба да биде леплива за да може лесно да ја обликувате. Ако ви се лепи на рацете ставете уште малку брашно.
– Со рака земајте од смесата и обликувајте топчиња. Во средината на секое топче втиснете по едно парченце карамела.
– Топчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење и стиснете ги за да станата плоснати. Така замрзнете ги околу 3 часа.
– Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-тина минути, односно додека не добијат убава-златно кафена боја. На крај засладете ги со шеќер во прав.