За денешниот ручек ви предлагаме да подготвите риба …
Потребно е:
1 исчистен крап
морска сол
свежо мелен бибер
маслиново масло
сок од 1 лимон + 1 лимон за внатрешноста на крапот
лук
листови свеж магдонос или свеж целер
Подготовка:
– Надворешните страни на крапот исечете ги на неколку места со остар нож. Потоа убаво посолете и посипете со свежо мелен бибер и убаво втријте ги во направените засеци на рибата.
– Во внатрешноста на крапот ставете две половинки лимон.
– На крај рибата посипете ја со малку маслиново масло.
– Садот во кој ќе ја печете рибата обложете го со алуминиумска фолија и благо премачкајте го со масло.
– На алуминиумската фолијата посипете го сецканиот лук и сецканиот свеж магдонос или целер, како и со исцеден сок од 1/2 лимон.
– На тоа ставете ја рибата, поклопете или покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 до 45 минути.
– Потоа рибата прелијте ја со сокот од втората половина од лимонот и вратете да се допече уште 10-15 минути откриена. Рибата треба да остане сочна од внатре, а надворешноста треба да добие убава златно-кафена боја.
– Печената риба извадете ја од рерна, сочекајте неколку минути (за да полесно ја одвоите од фолијата) и потоа сервирајте ја со некој прилог или салата, по желба.