Интересна комбинација на состојки …
Потребно е:
3 крањски колбаси
4-5 коцки исечени на коцки
1 страк праз, исечен на тркалца
1 поголема црвена пиперка, исечена на стапчиња
мајчина душичка
морска сол
лута мелена црвена пиперка
свежо мелен црн бибер
маслиново масло
изрендан пармезан
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
– Сварете ги компирите во солена вода околу 10 минути. Исцедете ги и ставете ги во подлабока чинија.
– Додадете го празот, пиперката, мајчината душичка, сол, бибер и лута мелена црвена пиперка. Полијте со маслиново масло.
– На крај додадете ги колбасите исечени на тркалца. Убаво истресете го садот за да се измешаат сите состојки.
– Тавата за печење убаво намастете ја и истурете ја целата содржина од чинијата.
– Ставете да се пече во загреана рерна околу 30 минути.
– Пред да го послужите посипете го со рендан пармезан.