Кралска торта (посно)

Од:

Потребно е:
за бисквитното тесто:
300 гр остро брашно
100 гр бадеми
200 гр шеќер
1 прашок за пециво
2 рамни лажици какао во прав
1 лажиче цимет
1 ванилин шеќер
6 лажици џем од кајсии или сливи
300 мл вода
100 гр црно чоколадо (со мин 70 % какао)

за премачкување на тортата:
6 лажици џем од вишни
1 лажиче рум

и уште:
500 гр марципан

за глазурата:
150 гр чоколадо за готвење
200 мл посна слатка павлака

за чоколадните украси:
100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:
– Вклучете ја рерната на 180 целзиусови степени.

– Дното на кружен калап за торти со дијаметар од 24 см обложете го со хартија за печење, а страните намастете ги со маргарин.

– Користетете печени несолени бадеми без лушпа. Бадемите ситно сомелете ги.

– Чоколадото исецкајте го на мали коцки или крупно изрендајте го.

– Брашното, прашокот за пециво и какаото ставете ги во еден подлабок сад. Во садот додадете ги и другите суви состојки. Додадете ги џемот и водата и измешајте прво со лажица, а потоа со миксер со најмала брзина. Додадете го и иситнетото чоколадо.

– Смесата сипете ја во подготвениот калап и ставете да се пече во загреаната рерна  25-30 минути (во зависност од рерната). Проберете дали е печен бисквитот со чепкалка за заби.

– Печеното бисквитно тесто извадете го од рерна, оставете да се излади околу 5 минути и извадете го од калапот заедно со хартијата за печење. Внимателно извадете ја хартијата за печење. Оставете убаво да се излади на собна температура.

– Марципанот поделете го на два дела (по 250 гр). Секој дел истенчете го со сукало меѓу два листа хартија за печење или алуминиумска фолија во форма на круг, со дијаметар малку поголем од дијаметарот на бисквитното тесто. Потоа со помош на страните од калапот за торта исечете правилен круг од марципанот. Вишокот тргнете го и оставете го за некој друг колач или направете украси по желба.

– Површината на печеното бисквитно тесто не е рамна, туку подигната на краевите. Ако сакате може со помош на конец да ги исечете подигнатите делови. Сега исечете го тестото по должина така да добиете две кори.

– Џемот од вишни помешајте го со румот. Со ова премачкајте ги двете кори и оставете ги да стојат неколку минути.

– На долната кора внимателно ставете го кругот од марципан. Над марципанот ставете ја втората кора со страната премачкана со џем и рум надоле.

– Горната кора премачкајте ја со смесата од џем и рум за да се пополнат сите дупчиња на бисквитното тесто.

– Ставете ја тортата во фрижидер додека ја подготвувате глазурата.

– Чоколадото за готвење растопете го на пареа. Слатката павлака загрејте ја до вриење и тргнете ја на страна и додадете го растопеното чоколадо. Убаво измешајте.

– Тортата прелијте ја со врелата смеса од чоколадо и павлака. Брзо израмнете ја површината на тортата.

– Повторно вратете ја тортата во фрижидер и оставете убаво да се излади.

– Извадете ја тртата од фрижидер и најодозгора ставете го вториот круг од марципан.

– На крај декорирајте ја тортата по желба. За чоколадните украси растопете го чоколадото за готвење на пареа. Сипете го во кесичка за замрзнување, отсечете го врвот на кесичката и цртајте чоколадни украси на тортата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска