Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

Од:

Кралот Чарлс се врати во замокот Хајгроув за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред и низата обврски по смртта на кралицата Елизабета Втора. Таа цел четврток ќе одмара во својот дом во Глостершир, а Би-Би-Си истакнува дека ова е дел од „Операција Лондон бриџ“, детален протокол за процедурите во случај на смрт на кралицата.

Откако вчера заврши поворката и бдеењето над ковчегот на неговата мајка, кралот Чарлс Трети ја придружуваше сопругата Камила до нејзиниот имот Реј Мил Хаус во Вилтшир со кралски хеликоптер. После тоа, со автомобил отишол до замокот, кој е на 30 минути возење од имотот.

Да потсетиме, Чарлс по смртта на кралицата отпатува од замокот Балморал во Шкотска до Лондон, каде и официјално беше прогласен за крал. После тоа, тој учествуваше во поворката во Единбург, а набргу потоа отпатува во историска посета на Северна Ирска.

Тој од Северна Ирска се врати во Лондон за да го пречека ковчегот на кралицата во Бакингемската палата, а вчера беше на бдеење во Вестминстерската сала.

Покрај тешкиот период зад Чарлс, напорна е и работата на кралот што допрва го чека. Секој ден освен Божиќ, тие ќе добиваат официјални документи од владини министри, претставници на Комонвелтот и дипломатски претставници, а ќе добиваат и извештаи за работата на Парламентот.

 

Би можело да ве интересира

(ВО ЖИВО) Крунисување на кралот Чарлс III

Горан Наумовски

Познатата песна отстранета од плејлистата за крунисување на Чарлс III

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Мицотакис ќе се сретне со кралот Чарлс Трети

А1он