Ковчегот со телото на Мајкл Кларк Данкан изложен во кино сала

Од:

Обожавателите вчера му одадоа последна почит на Мајкл Кларк Данкан, актерот најпознат по својата улога во филмот „Зелена милја“ за која беше и номиниран за Оскар.

Телото на актерот беше изложено во „Холот на слободата“ во меморијалниот парк Форест Лоун во Лос Анџелес. Меморијалниот парк ги отвори вратите на својата кино сала, каде беше изложен ковчегот. Ковчегот беше поставен пред огромното кино платно, на кое триесетина минути одеше слајд шоу со фотографии кои го одбележаа живото и делото на Данкан, а потоа во спомен на актерот беше поектиран филмот „Зелената милја“ во кој поред Том Хенс, брилијантираше и актерската икона, која почина на само 54 години.

На филмската проекција, не присуствувал никој од поблиското семјество на актерот, бидејќи приватната погребна церемонија, е предвидена за денеска.

Актерот почина на 3 септември, откако пред два месеци доживеа тежок инфаркт и од кој не успеа да закрепне.

Неговата верница Омароса Манигаулт, изјавила дека се одлучила на ваков чекор, откако голем број фанови оставиле голем број на цвеќиња, пораки и свеќи пред нивниот дома во знак на последна почит кон актерот.

Неговиот колега од „Зелената милја“, Том Хенкс изјавил: „Жалам за загубата на Големиот Мајк, тој беше богатство кое сите ние го откривме на филмскиот сет на „Зелената милја“.

Берус Вилис пак, кој глумеше со Данкан во „Градот на гревот“, по пиод смртта на својот пријател изјавил: „Ќе ми недостига големиот Мајкл, и тоа на голем начин“.

Во меѓувреме режисерот Мајкл Беј, кој го открил Данкан за потребите на филмот Армагедон, се потсеќа на искуството со него. „Го пронајдовме во вежбална. Тој буквално плачеше од среќа на неговата прва аудиција, а за нас тоа изгледаше по малку смешно со оглед дека тој е навистина голем човек“ – изјавил Беј.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата