Коруња – скромна, но ексцентрична убавица

Од:

Некои Коруња ја нарекуваат „Рио во мало“, но сепак овој град често пати се соочува со неповолни временски прилики, кои не им одговараат на сите посетители.

Тоа меѓутоа не значи дека би требало да се заобиколува, бидејќи ги има едни од најубавите урбани плажи во Шпанија, а нејзиниот боемски шик го оправдува долгото паување.

Тука е роден брендот Зара и единствената култура на посета на баровите. Исто така тука е и извонредното суво вино од локалното лозје Албарињо.

Доколку одлучите да ја посетите Коруња, можете да се сместите во реновираниот Хотел Лоис, кој нуди ноќевања во мали бели соби на само неколку минути од стариот град и плажата Риазор. Ресторанот, кој се наоѓа на приземјето служи традиционална галициска риба и месо, а тука е и барот со одлични вина.

Доколку сакате да истражувате различни специјалитети карактеристични за овој крај, тргнете во потрага по тапас баровите, од кои можеби најинтересен е Абица. Тука можете да пробате свежи морски плодови со компири, туна и одличен песто од сушен домат.

Специјалитет  е  октопод на скара со варена пиперка во Алма Негре, кој минатата година освои прво место во натпреварот за најдобар тапас бар во Коруња.

Кога ќе сакате да прошетате по одличната храна и пијалак, посетете го Домус Каса Дел Хомбре, интерактивен музеј, посветен на човечкото тело во необичната зграда во форма на едро, која гледа кон заливот Ријазор. Ја дизајнираше јапонскиот архитект Арата Исозаки, кој исто така е идеен творец на Олимпискиот стадион во Барселона.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска