Кортни Кокс: Ќе ги покажам градите во серијата “Cougar Town”

Од:

Ѕвездата на серијата “Пријатели”, Кортни Кокс, им вети на своите фанови дека во една епизода на “Cougar Town”, во која игра главна улога, ќе ги покаже своите гради разголени.

Во новата сезона, серијата “Cougar Town” ќе ја промени телевизиската мрежа, па така ќе се емитува на TBS, наместо на ABC. Актерката Кортни Кокс се пошегувала дека сега конечно ќе може да се разголи пред камерите, поради полибералната политика на новиот медиум.

– Нема да видите ниедна сцена, каде што градите ми се покриени. Почнав да стареам, па затоа е вистинско време да ги покажувам градите наместо лицето. Како што ќе стареам, така ќе слекувам се повеќе облека. Се надевам дека тоа ќе излезе добро – рече актерката.

На шегата се придружи и извршниот продуцент Бил Лоренс.

– Кортни веќе не извести дека за неа 2013-та биде година на деколтето – рече тој.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата